(ВИДЕО) Извлечени уште шест тела на жртвите кои настрадаа на Нов Зеланд
Пронајдени се телата на уште шест жртви од ерупцијата на вулканот на Белиот остров во Нов Зеланд.
Специјалните единици на војската поминале четири часа на островот барајќи ги телата.
Потрагата уште трае, затоа што уште двајца се водат за исчезнати.
На островот за време на ерупцијата имало 47 луѓе. Осум луѓе загинале, а околу 20 се здобиле со тешки изгореници.
Притисок имало од роднините на жртвите што поскоро да се најдат нивните тела. Вчера беше кажано дека самата акција е ризична затоа што може да дојде до нова ерупција.
Заменик командирот на полицијата Мајк Клемент изјави дека мисијата добила зелено светло од властите иако постои голем ризик вулканот повторно да еруптира, но во секој момент може да биде и откажана.
