Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ПОЛИТИЧАР МУ СЕ ЗАКАНИ НА ПУТИН: Нема да заборавиме што правите, ќе дојдеме, ќе се погрижиме Украина да победи

(ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ПОЛИТИЧАР МУ СЕ ЗАКАНИ НА ПУТИН:  Нема да заборавиме што правите, ќе дојдеме, ќе се погрижиме Украина да победи

Амир Вајтман, шеф на либертаријанската група во израелската партија Ликуд, оваа недела се појави на руската државна телевизија „РТ њуз“ при што му се закани на рускиот претседател Владимир Путин за војната во Украина и во Израел. 

Тој рече дека ќе победат, а Русија ќе мора да ја плати цената.  За бомбардирањето на болницата „Ал-Ахли“ во градот Газа, Вајтман ја критикува Русија велејќи дека „ние ќе ја завршиме оваа војна, ќе победиме бидејќи сме посилни“.

„По ова, Русија ќе ја плати цената, верувајте ми, Русија ќе ја плати цената. Русија ги поддржува непријателите на Израел. Русија ги поддржува нацистите што сакаат да извршат геноцид врз нас и Русија ќе ја плати цената“, рече Вајтман.

Тој кажа дека нема да заборават што правела Русија. 

„Ние ќе ја добиеме оваа војна. По тоа, нема да заборавиме што правите, нема да заборавиме, ќе дојдеме, ќе се погрижиме Украина да победи. Ќе се погрижиме да ја платите цената за она што го направивте вие како Русија“, додаде тој.

Русија го обвинуваше Западот за конфликтот во Израел.  Инаку, Кремљ го осуди обраќањето на американскиот претседател Џо Бајден во кое тој ја спореди Русија со терористичката група Хамас и го нарече Владимир Путин „тиранин“.

Видеото можете да го видите тука. 

Слично

Поврзани вести