(ВИДЕО) Израелка го преживеа нападот на Хамас на музичкиот фестивал: Се скрила под дрво и чекала додека да дојдат луѓе кои зборуваат хебрејски
Израелка која го преживеа нападот на Хамас на музичкиот фестивал раскажа што се случувало.
Гили Јосковиц го преживеа страшниот напад од членовите на Хамас на фестивалот на транс музика во пустината во близина на Кибуц Реим, во близина на Појасот Газа. Таа се скрила под дрво кое се тресело три часа додека палестинските милитанти пукале во секој што во тој момент ќе им се најдел на патот. Ноќта на прославувањето на крајот на верскиот празник Сукот се претвори во терор. Беспомошните разиграни млади луѓе трчаа да ги спасат своите животи, членовите на Хамас одеа од дрво на дрво и пукаа во кого ќе наидеа, пишува Daily Mail. Девојката мислела дека ќе умре, затоа што мртви луѓе имало насекаде.
Гили се криела додека не слушнала како луѓето зборуваат хебрејски, а израелските војници ја спасиле.
„Дишев, и си велев: „Добро, ќе умрам. Во ред е, само диши, само затвори ги очите“, раскажа девојката.
Израелската аримја воспостави контрола во сите градови каде се водеа борби со борците на Хамас, соопшти утрово израелското воено раководство, на третиот ден од почетокот на војната. Според нивните проценки околу 1.000 милитанти успеале да влезат на израелска територија, а најголем дел веќе се убиени.
фото принтскрин
BIGBREAKING: Saw these distressing scenes of civilians fleeing the Palestinian Hamas Attack at the music festival in southern Israel near Gaza border fence?
— Ashwini Shrivastava (@AshwiniSahaya) October 8, 2023
Authorities have confirmed the recovery of over 250 bodies at the site, initial report suggest that among the victims,… pic.twitter.com/iQHXBcSqVT
