Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ИЗРАЕЛЦИТЕ ОБЈАВИЈА СНИМКА: Хамас во зграда во Газа имал фабрика за дронови

(ВИДЕО) ИЗРАЕЛЦИТЕ ОБЈАВИЈА СНИМКА: Хамас во зграда во Газа имал фабрика за дронови

Палестинската терористичка група Хамас произведувала дронови во станбена зграда во Појасот Газа. 

Откриена е фабрика за дронови.  Израелските војници кои дејствуваат во Појасот Газа во една станбена зграда открија фабрика за производство на беспилотни летала на Хамас и складиште за оружје, соопштија израелските одбранбени сили (ИДФ), пренесе „Тајмс оф Израел“. Велат дека зградата, во населбата Шеик Радван во градот Газа, се наоѓа веднаш до училиште. Снимка објавена од ИДФ на социјалната мрежа Х покажува како војниците  пронаоѓаат неколку беспилотни летала, како и опрема што се користи за нивно производство и инструкции за правење експлозивни направи. Оттаму наведуваат дека израелските војници пронашле и голем број бомби.

Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Даниел Хагари изјави дека палестинската милитантна група Хамас ја изгубила контролата над северниот дел на Појасот Газа. Вели дека 50.000 луѓе избегале на југот на таа област.

Невладината организација „Спасете ги децата“ објави дека децата во Појасот Газа, кои не се убиени од бомби, се изложени на ризик да умрат од глад, болест или дехидрација. На 7 октомври, Хамас почна со напади на Израел и војната трае. Воените дејствија сега се одвиваат во Газа. 


Слично

Поврзани вести