Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Израел во офанзива врз Газа, Египет ја отвори границата за да ги прими ранетите

(ВИДЕО) Израел во офанзива врз Газа, Египет ја отвори границата за да ги прими ранетите
Израелската војска ноќеска започна масовна офанзива од воздух и по море кон Појасот Газа, во обид да се пресмета со палестинската организација Хамас. Само во текот на ноќта и утрово загинаа 20 Палестинци, со што бројот на жртвите во израелските напади се искачи над 70, меѓу кои 11 жени и 18 деца. Во нападите против Хамас само изминатата ноќ биле гаѓани најмалку 300 цели, соопшти израелската војска, а од почетокот на операцијата „Заштитен раб“ биле погодени вкупно 750 цели во Појасот Газа. Во меѓувреме и Хамас продолжува да го ракетира Израел, што принуди илјадници луѓе да ги напуштат своите домови и да бараат засолништа од ракетен напад. http://www.youtube.com/watch?v=nucGsRcHCQ0 Во Израел засега нема жртви, но Хамас покажува дека поседува ракети со голем дострел, па сирени за тревога се вклучуваат во Тел Авив, Ерусалим, па дури и во Хаифа. И утрово биле пресретнати и уништени две ракети над Тел Авив. Израелскиот претседател Шимон Перес предупреди дека не се исклучува копнена офанзива доколку продолжи огнот, а израелски тенкови веќе се распоредени вдолж границата кон Појасот Газа. Во меѓувреме, Египет денеска го отвори граничниот премин Рафа кон Појасот Газа за да ги прими повредените Палестинци во израелската офанзива. Болниците во северен Синај, кој се граничи со Газа и Израел, се во состојба на целосна мобилизација за да им укажат помош на ранетите. Граничниот премин Рафа вообичаено е затворен заради безбедносната ситуација на Синајскиот Полуостров, бидејќи таму египетската војска се бори против исламските бунтовници. Рафа е инаку единствениот граничен премин што го заобиколува Израел и директно се поврзува со Појасот Газа.
Слично

Поврзани вести