Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ИЗРАЕЛ „УДРИ“ ВО СЛАБАТА ТОЧКА НА ХАМАС: Сега нема каде да се кријат

(ВИДЕО) ИЗРАЕЛ „УДРИ“ ВО СЛАБАТА ТОЧКА НА ХАМАС: Сега нема каде да се кријат

Израелските сили удрија по слабата точка на палестинската терористичка група Хамас. Израел соопшти дека уништиле повеќе од 400 тунели во Појасот Газа. Многу од тунелите во Појасот Газа се под болници, училишта и куќи.

Велат дека во Појасот Газа има мрежа од подземни тунели. Крајбрежјето е долго околу 45 километри и широко помеѓу 4 и 16 километри и е дом на околу 2,2 милиони луѓе.

Израелската армија објави дека открила тунел на Хамас на територијата на болницата Ал Шифа во Газа. Викендов стана јасно дека окното откриено таму води до тунел долг околу 55 метри на длабочина од околу 10 метри, наведува ДПА.

Некои од тунелите се засилени со бетон и имаат струја. Нивната просечна висина е околу 2 метри, а ширина – еден метар, но некои од нив се доволно големи за да поминуваат возила. За да не бидат погодени од израелски воздушни напади, некои од нив се на длабочина од десетици метри под земја. Израел тврди дека многу од влезовите во тунелите се во станбени згради и џамии. Хамас на 7 октомври почна со напади на Израел, а потоа израелските сили почнаа со офанзива на Газа. 

foto printskrin


Слично

Поврзани вести