Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ИЗРАЕЛ ПРЕДУПРЕДИ ДЕКА ЌЕ НАПАДНЕ ТЕРОРИСТИЧКИ ЦЕЛИ ВО ЛИБАН: Граѓаните панично бегаат

(ВИДЕО) ИЗРАЕЛ ПРЕДУПРЕДИ ДЕКА ЌЕ НАПАДНЕ ТЕРОРИСТИЧКИ ЦЕЛИ ВО ЛИБАН: Граѓаните панично бегаат

Луѓето бегаат од Либан откако Израел изврши напади на Хезболах. 

Израелската војска изврши нова серија напади врз Хезболах, предупредувајќи ги либанските граѓани да ги евакуираат објектите каде што тврдат дека е скриено оружје. Ова е најсмртоносниот напад на Израел врз Либан од почетокот на конфликтот на 7 октомври лани, а либанските власти соопштија дека најмалку 182 луѓе загинале, а повеќе од 700 се ранети.

Овие напади претставуваат ескалација на конфликтот меѓу Израел и Хезболах. 

Граѓаните во Бејрут и други делови на Либан добивале СМС пораки и снимени повици со барање за итна евакуација.

„Порака до сите граѓани во Либан, наскоро ќе нападнеме терористички цели во Либан. Ги повикуваме сите што се наоѓаат во близина на објекти или во домови каде Хезболах крие оружје, веднаш да се оддалечат од нив. Ова е за ваша безбедност и заштита“, изјави портпаролот на израелската армија Даниел Хагари. 

Рече дека следните напади ќе бидат во долината Бека. Претходно, имаше напади со пејџери и воки - токи кои експлодираа кај членовите на Хезболах. 

foto EPA-EFE/STRINGER


Слично

Поврзани вести