Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Израел објави снимка од копнената офанзива во Газа

(ВИДЕО) Израел објави снимка од копнената офанзива во Газа
Израелските одбранбени сили ја започнаа втората фаза од операцијата „Заштитен раб“ во Појасот Газа, која вклучува и копнена офанзива на палестинските територии. Само во копнените напади досега загинале најмалку 23 Палестинци. Израелската војска објави и видео од влезот на израелските трупи во Газа. http://www.youtube.com/watch?v=Q1WMyHtA0XY Израелските војници трагаат по влезовите на тунелите кои активистите на Хамас ги користат за влез на израелска територија и изведување на терористички операции. Засега цел се четири вакви тунели и 21 локација каде се поставени фрлачи на ракети. Но, израелската војска се соочува и со критики заради многубројните цивилни жртви, меѓу кои има и деца.
Слично

Поврзани вести