Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Израел го срамни со земја Иранскиот институт за вселенски истражувања

(ВИДЕО) Израел го срамни со земја Иранскиот институт за вселенски истражувања

Израел со прецизен напад го срамни со земја Иранскиот институт за вселенски истражувања.

Израелските воздухопловни сили (IAF) извршија силен напад врз главниот град на Иран, при што целосно е уништен Иранскиот институт за вселенски истражувања. Од објектот, кој се наоѓа во срцето на Техеран, по нападот не остана речиси ништо, а социјалните мрежи се преплавени со снимки од огромниот облак чад над градот.

Според израелските воени извори, овој институт не служел само за „научни цели“, туку бил клучна точка за развој на балистички ракети и технологија за наведување, што Израел го смета за директна закана за својата безбедност.

Иранските власти не излегле со официјални бројки за жртви, но потврдија дека е причинета огромна материјална штета. 

foto printskrin


Слично

Поврзани вести