Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ИЗРАЕЛ ГО НАПАДНА ЛИБАН: Властите тврдат дека има стотици мртви

(ВИДЕО) ИЗРАЕЛ ГО НАПАДНА ЛИБАН: Властите тврдат дека има стотици мртви

Израел го нападна Либан, а либанските власти тврдат дека има стотици мртви и ранети. 

„Стотици луѓе се убиени и ранети во израелските напади врз Либан“, изјави либанскиот министер за здравство,  Ракан Насередин, според државната новинска агенција.

Воздушните напади погодија најмалку три области во центарот на Бејрут, вклучувајќи и еден напад во близина на централното крајбрежно шеталиште, според видео анализа на CNN.

Според репортер на Анадолија нападите биле насочени кон станбени области со сунитско мнозинство, што значи дека тие се надвор од областите контролирани од Хезболах.

Израелската армија нападна повеќе од 100 локации „во рок од десет минути“ во Либан, во најголемиот координиран напад од почетокот на тековната офанзива во таа земја, објави армијата, пренесува „Анадолу“.

Во военото соопштение се вели дека нападите биле насочени кон локации поврзани со Хезболах во повеќе области, вклучувајќи ги Бејрут, долината Бека и јужен Либан.


Војската тврди дека целите вклучувале командни и контролни центри и друга инфраструктура што се користи за извршување напади врз израелски цели.

Иранскиот Врховен совет за безбедност денеска објави дека разговорите со САД ќе започнат во петок, 10 април, во Исламабад.

Пред повеќе од пет седмици, Израел и САД го нападнаа Иран. 

фото принтскрин


Слично

Поврзани вести