(ВИДЕО) Израел го нападна Иран
Израел започна превентивен напад врз Иран. Ова утрово го соопшти израелскиот министер за одбрана Израел Кац.
Според „Њујорк тајмс“ во нападот учествуваат и САД. Весникот се повикува на неименуван претставник на американската влада. Според израелски одбранбени извори, акцијата била координирана со сојузникот и се подготвувала со месеци.
Иранските државни медиуми јавија дека во центарот на Техеран се слушнале три експлозии и дека се крева густ чад. Експлозии се случиле и во други делови од градот.
Во Израел се вклучија сирените за воздушен напад за да го предупредат населението за можен ирански контранапад, објави израелската армија. Израелскиот воздушен простор е затворен за цивилен воздушен сообраќај.
Израел и Иран водеа дванаесетдневна војна минатиот јуни. И Израел и неговиот сојузник, САД, постојано предупредуваа дека ќе извршат нов удар ако Иран ги продолжи своите нуклеарни и ракетни програми.
foto printskrin youtube
