(ВИДЕО) Измерени 47 степени во Португалија, топлиот бран зема жртви
Топлотен бран ја пустоши Европа, a пријавените 47 степени во Португалија го срушија националниот рекорд.
Топлотниот бран што го зафати поголемиот дел од Пиринејскиот Полуостров од минатата недела, уби најмалку 1.000 луѓе во Португалија и Шпанија, според BNO News. Најголем дел од овие смртни случаи се случиле во Португалија, каде минатата недела имало 659 починати, соопшти Генералниот директорат за здравство. Најмалку 368 смртни случаи се случиле во соседна Шпанија во истиот временски период. Во Шпанија на 10 јули, првиот ден од топлотниот бран се регистрирани 15 починати поврзани со горештините. Изворот на екстремно топлиот воздух е африканската пустина Сахара, чија топлина секој ден ќе се шири понатаму на север и исток, достигнувајќи до Белгија, Холандија, Германија и Обединетото Кралство на почетокот на оваа недела.
foto freepik.com
