(ВИДЕО) ИЗМАМИЈА МНОГУ ПОЛИТИЧАРИ: Руските пранкери добија награда
Руските комичари кои измамија многу европските политичари со лажно претставување ја добија највисоката државна награда.
Руското дуо ја добија највисоката државна награда на Кремљ, јави денеска државната новинска агенција РИА. Станува збор за Владимир Кузњецов и Алексеј Столјаров, кои ги користат псевдонимите Вован и Лексус, а РИА ја објави нивната фотографија направена на доделувањето на наградата во Кремљ со чаши шампањ во рака. Церемонијата се одржа вчера.
Наградата се доделува на руски и странски државјани. Критериумите за доделување се зајакнување на мирот, пријателството, соработката и разбирањето меѓу Русија и другите народи.
Кузњецов и Столјаров објавија снимка од видео повик со британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон. Го натераа да помисли дека разговара со поранешниот украински претседател, Петро Порошенко, а со нив разговараше за Украина, САД и НАТО околу петнаесет минути. Тие ја измамија италијанската премиерка Џорџа Мелони, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а во 2022 година успеаја да го измамат и тогашниот британски министер за одбрана Бен Валас. Руските актери разговараа и со поранешниот македонски премиер Зоран Заев.
Слично
