Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Избегната за влакно ужасна трагедија на небото над Москва 

(ВИДЕО) Избегната за влакно ужасна трагедија на небото над Москва 

Ужасна трагедија е избегната за влакно на небото над Москва пред два дена, но властите објавија дури денес. Два патнички авиони се разминале од фронтален удар само на 150 метри оддалеченост, објави „lifenews.ru“.

„Ербас“ А-320 кој полетал од московскиот аеродром „Шереметјево“ бил на голема височина над градот. Во исто време од „Внуково“ полетал „Bombardier Learjet 60“. Во 11.08 часот по локално време двата авиони се разминале на висина помалку од 2000 метри, со што растојанието помеѓу нив било само 150 метри.

Кога авионите биле опасно блиску, се активирал системот „TCAS“ која го следи воздушниот простор околу авионот и ги алармира пилотите, ако во близина има опасност.

Системот им ги дал потребните упатства на екипажите на авионите и успешно се разминале. Според запознаени, несреќата била избегната за само неколку секунди.

Медиумите веќе објавија компјутерска симулација за инцидентот.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/cS9e-hQovPM[/embed]
Слично

Поврзани вести