Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ИТАЛИЈАНЦИТЕ НОЌТА ЈА ПОМИНАА НА УЛИЦИТЕ И ВО АВТОМОБИЛИТЕ: Земјотрес го погоди Неапол

(ВИДЕО) ИТАЛИЈАНЦИТЕ НОЌТА ЈА ПОМИНАА НА УЛИЦИТЕ И ВО АВТОМОБИЛИТЕ: Земјотрес го погоди Неапол

Земјотрес направи штети и ги испаничи италијанските граѓани. 

По силниот земјотрес во Неапол во Италија, граѓаните ноќта ја поминаа на улиците. Снабдувањето со електрична енергија е прекинато. Училиштата не работат поради земјотресот. 


Некои останаа и во своите автомобили откако потресот направи штети.  Земјотресот бил со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала и се случи во 1:25 часот по полноќ. 

Во блискиот град Поцуоли, едно повредено лице е спасено од урнатините на делумно урната куќа. Луѓето и во Кампанија го почувствувале земјотресот. 

Земјотресот беше со иста јачина како минатиот мај, односно најсилниот што го погоди Кампи Флегреј во последните 40 години.


Во областа има 15 градови во кои живеат повеќе од половина милион луѓе во таканаречената „црвена зона“. 

Во Италија за 100 години имало 120.000 загинати луѓе во земјотреси. 

Слично

Поврзани вести