ВИДЕО: Италијанците немаат мир, регистрирани нови земјотреси
Неколку нови потреси се регистрирани утрово во централниот дел на Италија.
Последниот од нив бил со интензитет од 4,7 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар .
Епицентарот на првите три земјотреси (со интензитет 3,6; 3,2 и 3,1) бил на околу 60 километри југоисточно од Перуџа, а епицентарот на последниот потрес се наоѓал на 52 километри од Анкона.
Тие биле со длабочина меѓу 8 и 10 километри. Нема информации за жртви или материјална штета во најновите земјотреси.
Последниве денови земјотреси ја тресат Италија, но и Турција.
Се предвидува дека Италија во наредните месец или два ќе има серија потреси.
Слично
