(ВИДЕО) ИСТРАЖУВАЧ ОД СИНГАПУР: Колегите од Мјанмар беа предупредени за земјотресот
Шенџи Веи, главен истражувач во Земјината Опсерваторија во Сингапур вели дека сеизмолози во Сингапур, 10 години ја проучувале сеизмичката опасност од голем земјотрес во Мјанмар и ги предупредиле колегите, пренесе Си-Ен-Ен . Тој вели дека ударот со јачина од 7,7 според Рихтерова скала што го погоди Мјанмар не беше неочекуван настан.
„Беше тивко околу 200 години. Врз основа на овие историски студии, како и современите геофизички истражувања, знаевме дека овој сегмент од раседот најверојатно ќе предизвика голем земјотрес во блиска иднина“, изјави Веи.
Кажа дека ја информирал владата на Мјанмар и локалните научници за ризикот.
Според Веи ударот се случил долж дел од раседот Сагаинг, голема геолошка раседна линија која во минатото имаше големи земјотреси.
Метеорологот на Си-Ен-Ен Дерек Ван Дам, вели дека се работи за дефект од лизгање од две тектонски плочи кои се движеле една кон друга, индиската и евроазиската.По потресот од 7.7 степени, денеска во Мјанмар имаше и друг силен потрес од 6.4 степени. Бројот на жртви од час во час расте. Има најмалку 144 загинати.
foto EPA-EFE/NARONG SANGNAK
