Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) „Исламската држава“ со пропаганда на глувонеми повикува на џихад!

(ВИДЕО) „Исламската држава“ со пропаганда на глувонеми повикува на џихад!

Џихадистичката група „Исламска држава“ објави пропагандно видео, во кое се прикажани двајца глуви борци кои повикуваат луѓе од Запад да се приклучат во нивните редови.

Преку знаковен јазик двајцата исламисти, кои се браќа, велат дека хендикепот не е оправдување. Тие работат како патни полицајци во ирачкиот град Мосул, кој е под контрола на џихадисти од минатото лето.

Видеото има арапски и англиски превод. Едниот од мажите вели дека курдските борци, кои војуваат против „Исламската држава“, ќе бидат удрени наскоро со „дозвола на Алах“.

Во видеото двајцата борци декларираат и желба да ги егзекутираат „непријателите“ од Велика Британија, САД, Франција и Италија. Освен тоа им се закануваат и на  Саудиска Арабија, Кувајт, Катар и сите оние кои се сојузија со Западот во борбата против ИД.

На крајот на видеото браќата се прикажани како составуваат едноставни ракетни лансери, за кои тврдат дека се користат против курдските милитанти.

[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=bPiBVq_isIo[/embed]
Слично

Поврзани вести