Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) „Исламска држава“ се закани на 60 земји, случајно или не Македонија е на истата

(ВИДЕО) „Исламска држава“ се закани на 60 земји, случајно или не Македонија е на истата

Групата „Исламска држава“ ја прошири листата на земјите кои има намера да ги нападне. Џихадистите објавија на интернет ново пропагандно видео.

Неколку земји за првпат си го гледаат знамето и името во сличен контекст. Помеѓу нив се Малта и Тајван. Во видеото фигурираат сите држави кои се во балканскиот регион и кои се соседи на Македонија: Грција, Србија, Албанија, Косово, Хрватска, Романија , Босна и др. Случајно или не, Бугарија воопшто не се споменува.

Во пропагандно видео направено професионално, на совршен англиски се истакнува големината на калифатот и неговите борци, каде што се вели дека „постои коалиција од демони, во која се Иран, Турција и Русија“. Главното место го заземаат и големите сили како САД, Велика Британија, Франција, Германија. Заканите се придружени со задолжителното: „Ние се молиме само пред Алах“.

„Америка, тврди дека ја поседуваат најдобрата армија. Таа може да е голема во бројност и вооружување, но нивните војници ја немаат волјата и решеноста и сѐуште се плашат од поразите во Авганистан и Ирак“, соопштуваат од „Исламска држава“.

Во видеото се гледаат знамињата на 60 земји, на кои е упатена заканата на џихадисти: Австралија, Бахреин, Албанија, Данска, Белгија, Кина, Хрватска, Австрија, Египет, Чешка, Грција, Канада, Естонија, Франција, Финска, Ирак, Јордан, Германија, Ирска, Унгарија, Холандија, Нов Зеланд, Романија, Либан, Косово, Јужна Кореја, Кувајт, Израел, Иран, Италија, Јапонија, Катар, Луксембург, Шведска, Русија, Норвешка, Саудиска Арабија, Сирија, Словачка, Швајцарија, Литванија, Македонија, Босна и Херцеговина, Тајван, САД, Велика Британија, Обединети Арапски Емирати, Шпанија, Турција, Оман, Украина, Тунис, Србија, Словенија, Полска, Португалија, Индонезија, Молдавија, Мексико, Малта.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/MO6EpCNWgO4[/embed]
Слично

Поврзани вести