(ВИДЕО) „Исламска држава“ објави видео со изршителите на атентатите во Париз
Меѓународната терористичка група „Исламска држава“ објави во неделата видео со убиствата на заложници, каде се појавуваат изведувачите на париските напади на 13 ноември 2015 година, соопштува Daily Telegraph, цитиран од агенциите.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/IntIntelligence/status/691340707848650752?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]„Терористите кои стојат зад париските атентати, се појавија во распространето видео од ИД во кое тие ги сечат главите на неколку непознати заложници. Видеото е снимено пред ноемвриските терористички акти, но е објавено во неделата вечерта“, се вели во пораката.
Според весникот еден од егзекуторите е терористот Билал Хадфи кој се разнесе при стадионот Стад де Франс. Уште еден од терористите на видеото е Сами Амимур, ликвидиран во текот на полициската акција во концертната сала Батаклан.
„Кој стои во редовите на нашите непријатели, тој ќе биде цел на нашите мечеви“, звучи заканата во видеото, додека на екранот се појавуваат слики на Тауер Бриџ и катедралата „Свети Павле“ во Лондон.
Во видеото се појавуваат и слики на премиерот на Велика Британија Дејвид Камерон и претседателот на Долниот дом на британскиот Парламент Џон Беркоу чиј портрет е претставен како цел кон која е насочен оптичката ретроспектива. При нападите во Париз загинаа 130 лица, 350 беа повредени.
