(ВИДЕО) ИСИС во холивудски стил: Преупредување за американците како реклама за акционен филм
Исламската држава (ИСИЛ) објави ново заканувачко видео во кое им се заканува на САД со одмазда и крваво насилство во случај претседателот Барак Обама навистина да прати воени трупи во Ирак, како што најавува одлучно се обидуваат да ја уништат таа терористичка организација.
Видеото кое трае 52 секунди и го носи името „Flames of War“ неодоливо потсетува на холивудските трилери. Ги прикажува борците на ИСИС како во воздух ги креваат тенкови, ранети американски војници, мрачни прикази на Белата куќа, а големото финасле, баш како во манир на холивудски акционен блокбастер, претставува јасна порака „пристига наскоро“.
ИСИЛ ја објави оваа снимка како директен одговор на изјавата на генералот Мартин Демпсиј, шефот на Здружените команди, кој на Сенатот му порача дека борбата против тероризмот во Ирак би можела да побара интервенција на копнени трупи.
