(Видео) ИСИС СЕ ЗАКАНИ: Следна мета е Вашингтон
Исламската држава објави ново видео во кое им се заканува на сите кои учествувале во воздушните напади во Сирија.
Терористите велат дека нив ќе ги снајде „ иста судбина како на Франција” - масакр што се случи во петокот во срцето на Париз.
Џихадистите во новата снимка се заканија и дека следна цел им е напад на Вашингон, пишува Ројтерс.
„Како што ја погодивме Франција и нејзиниот центар Париз, така ќе ја погодиме и Америка и нејзината престолнина Вашингтон. “ вели еден од џихадистите на видеото.
Исламската држава веќе презеде одговорност за нападите во Франција, во кои 129 лица загинаа, а 350 беа повредени.
[embed width="750" height="450" ]https://youtu.be/BSFSv2EPysA[/embed]
Слично
