Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ИСИС го објави „тестаментот” на напаѓачите од Париз

(ВИДЕО) ИСИС го објави „тестаментот” на напаѓачите од Париз

Екстремистичката исламистичка група Исламска држава објави видео-снимка  на која, наводно се прикажуваат фотографии и последни изјави на деветмина нејзини припадници.

На видеото кое беше поставено на официјалниот канал на ИСИС „Телеграм”, прикажани се напаѓачите во камуфлирачка опрема во пустина, пред нападите во Париз.

„Ова се последните девет лавови на калифатот, кои се мобилизираа од секаде за да ја паднат Франција на колена”, вели нараторот во видеото.

Исламска држава, која снимката ја објави доцна синоќа преку својот медиумски разгранок Ел Хајат, ги прикажува џихадистите за време на обука и како убиваат жртви претставени како заложници. Видеото содржи снимки од обезглавувања и погубувања на луѓе што се опишани како „одметници“.

Ројтерс не можеше независно да ја потврди автентичноста на снимката, а француското министерство за внатрешни работи одби да коментира.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/JeNb47JMVzY[/embed]
Слично

Поврзани вести