Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Исфрлија новинар за да нема незгодни прашања

(ВИДЕО) Исфрлија новинар за да нема незгодни прашања

Во Франција е исфрлен новинар откако поставил прашање кое е оценето како непримерно. 

Членови на обезбедувањето  исфрлиле француски новинар од бизнис саем во Париз откако тој на Марин Ле Пен, лидерката на Национален фронт и претседателска кандидатка ѝ поставил прашање за отплатата на долгот од 300.000 евра кон Европскиот парламент.

Пол Ларотуро, од забавно-информативната емисија Кутидје, ја прашал Ле Пен дали легално го вработила својот телохранител Тјери Лежер како помошник во Европскиот парламент, а потоа бил исфрлен во ходникот и не му било дозволено повторно да влезе.

Ле Пен одбива да ги врати парите добиени од ЕУ-фондовите, а кои Европскиот парламент одлучи дека во текот на 2011 и 2012 година незаконски им ги давала на лица кои работеле како помошници во нејзината партија, иако е дозволено на тој начин да се финансираат примањата само на асистентите на европарламентарците од нејзината партија. 

Ле Пен инаку се залага за илез на Франција од ЕУ, укинување на еврото и контрола на миграцијата. 


Слично

Поврзани вести