(ВИДЕО) ИСЧЕЗНАТ ИНДОНЕЗИСКИ АВИОН: Снимка на бура која се обидел да ја избегне пилотот
Последниот контакт на екипажот на авионот на компанијата „Ер Азија“ со 162 патници и членови на екипажот, кој рано утрово исчезнал од радарот над Јаванско море, се случил во 01.13 часот по средноевропско време. Пилотот тогаш побарал дозвола да го избегне облакот со тоа што ќе сврти лево и ќе ја зголеми висината на 10.360 метри. Од тогаш започнува очајничката потрага по авионот.
Во меѓувреме е објавена сателитска снимка на бурата поради која пилотот побарал промена на правецот на летање.
-Не се осудуваме да претпоставиме што можело да се случи, освен тоа што е изгубен контакт - изјавил генералниот директор на индонезиската Агенција за сообраќај Џоко Муржатмоџо.
Тој рекол дека од авионот не е упатен повик леталото да се наоѓа во неволја. Авионот полетал од индонезискиот град Сурабаја, а контактот е изгубен 42 минути по полетувањето.
Во леталото се наоѓале двајца пилоти, пет членови на кабинскиот персонал и 155 патници, вклучувајќи 16 деца и едно бебе, соопштуваат од „Ер Азија“.
Тој додал дека последната комуникација помеѓу пилотот и контролите на летот била во 1.13 по средноевропско време, кога пилотот побарал да сврти лево и да се качи повисоко, како би ги избегнал облаците.
[button color="red" size="big" link="http://faktor.mk/2014/12/28/video-shto-se-sluchuva-na-ushte-eden-maleziski-avion-mu-se-izgubi-sekakva-traga/" target="blank" ](ВИДЕО) ШТО СЕ СЛУЧУВА : На уште еден малезиски авион му се изгуби секаква трага![/button]
Муржатмоџо наведува дека од пилотската кабина не е пратен сигнал за узбуна.
Контактот е изгубен 42 минути бидјеќи авионот полетал од аеродромот во Сурабаја, однсоно саат време пред да, по редот на возењето, требало да слета на сингапурскиот аеродром.


