(ВИДЕО) Исчезнаа два брода со хуманитарна помош на пат кон Куба
Два мексикански брода што носеа хуманитарна помош за Куба исчезнаа и за нив е инициран план за пребарување и за спасување, соопшти Секретаријатот на мексиканската морнарица (Семар). Овие бродови требаше да пристигнат во Куба помеѓу 24 и 25 март.
Мексиканската морнарица објави дека бродовите со 9 членови на екипажот од различни националности, испловиле од Исла Мухерес во мексиканските Кариби во саботата, но дека нивната моментална локација е непозната и нема потврда дека пристигнале во Хавана.
„Двата брода што исчезнаа припаѓаат на конвојот Наша Америка, што е иницијатива за солидарност на групи и поединци од различни земји од светот, првенствено од Латинска Америка и од Европа, кои ги здружија силите за да достават хуманитарна помош на Куба“, соопшти мексиканската морнарица.
Првата група од конвојот „Наша Америка“ пристигна во Куба на 18 март, а потоа на 24 март, главниот брод од тој конвој пристигна во Хавана, носејќи 14 тони хуманитарна помош, вклучувајќи храна и лекови, 73 соларни панели и десетина велосипеди.
foto printskrin
