(ВИДЕО) Исчезна авион со 54 патници во Индонезија: Лошото време ја отежнува потрагата
Патнички авион од внатрешните линии на Индонезија со 54 лица во авионот изгубил контакт со воздушнaта контролна кула над источниот регион Папуа. Тоа го објавија од Националната агенција за потрага и спасување (BASARNAS), цитирана од светските агенции.
„Изгубивме контакт со авионот“, изјавил шефот на агенцијата.
Според информации на „BASARNAS“ објавени на официјалниот профил на „Твитер“, авионот е на „Trigana Air Service“ и во него имало 54 патници, вклучувајќи ги и 5-те члена на екипажот и пет деца и бебиња.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/RT_com/status/632852822892118016[/embed]„Аirlive.net“ забележува дека авионот е „ATR 72“ и e со број на летот „IL267“.
„Франс прес“ информира, дека авионот изгубил контакт малку пред 15 часот по локално време (околу 8 часот наутро по македонско време) по полетувањето од аеродромот „Сента“ во главниот град на провинцијата Папуа.
Портпаролот на Министерството за транспорт потврдил дека е изгубен контакт со авионот, кој требаше да пристигне во Оксибил по 15 часот по локално време.
„Ние не знаеме што се случило со авионот и ги координираме активностите со локалните власти. Времето во моментов таму е многу лошо, многу е мрачно и облачно. Не е можна потерница. Регионот е планински“, додал портпаролот.
„Trigana Air“ е авионска компанија во Индонезија.
Во декември 2014 година авион на „AirAsia“ се урна при лет од индонезискиот град Сурабаја до Сингапур при бура над јаванското Море. Сите 162 патници загинаа. Несреќата ја принуди владата да воведе прописи со цел подобрување на безбедноста.
Претседателот на Индонезија ветил во јули дека ќе бидат проверени авионите откако воен авион се урна во северниот дел на земјата, и во кој загинаа 100 лица.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/a9EgUOhZJ1A[/embed]