(ВИДЕО) ИРМА ГО НАПАЃА ЏЕКСОНВИЛ: Наредена итна евакуација поради историски поплави
Градот Џексонвил на северозападот од американската сојузна држава Флорида издаде наредба за итна евакуација бидејќи се очекува нивото на поплави поради ураганот Ирма дополнително да порасне поради доаѓањето на плимата.
„Доколку сте во евакуирана зона А или Б долж реката мора да го следите ова предупредување и да заминете веднаш“, соопштила вчера канцеларијата на шерифот во Џексонвил говорејќи за краевите долж реката Свети Џонс, која го дели градот.
Во соопштението се нагласува дека веќе е забележано историско ниво на поплави и се предупредува дека тоа ќе продолжи да расте.
„Очекувајте 1,2 до 1,8 метри над нормалното плимско ниво“, се наведува во соопштението.
Жителите кои имаат потреба од помош да ги напуштат домовите се повикуваат да закачат бело знаме, маица или некој друг бел објект пред своите куќи како би го привлекле вниманието на спасувачките тимови.
Џексонвил во кој живеат околу 880 000 жители, не е на директен пат на Ирма, која ослабна на ниво на тропска бура претходно денес и се движи кон север согласно западниот брег на земјата.
Сепак, поради тоа што Џексонвил се најде во североисточниот дел на големата бура, поради што е во најголем ризик од олујни ветрови и дождови, а ветровите се протегаат на 665 км од таканреченото око на бурата.
