Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ИРАНСКИ СМРТОНОСНИ РАКЕТИ: Ги чувале 500 метри под змеја, а сега први ги покажаа

(ВИДЕО) ИРАНСКИ СМРТОНОСНИ РАКЕТИ: Ги чувале 500 метри под змеја, а сега први ги покажаа

Во програмата на иранската телевизија за прв пат се прикажани фотографии од подземната база со ракети од различни типови, сместени на иранска територија.

Емитувањето на овој видео запис следи три дена одкако иранското министерство за одбра објави информации за успешното лансирање на ракетите со долг домет од типот „Емад“. Базата која е прикажана на иранската телевизија се наоѓа на „околу 500 метри под земја“ со што би била подалеку од домет на потенцијалните непријателски напади, изјавил генералот Амир Али Хаџиџех.

Тој изјавил дека подземната база не е единствена во Иран и дека вакви бази постојат „во сите покраини и градови во земјата“.

„Иран не сака било каква војна, но ако непријателите направат грешка, воените бази ќе ги „дигнат во ваздух“ како вулкан од дното на земјата“ изјавил генералот Хаџиџех.

Во вторникот потпаролот на Белата куќа изјавил дека иранското лансирање на ракетите со долг домет од типот „Емад“ биле во спротивност со резолуцијата на ОН.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/3h2p_kuxvQA[/embed]
Слично

Поврзани вести