Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Иранците формираа „живи синџири“ на мостовите

(ВИДЕО) Иранците формираа „живи синџири“ на мостовите

Видеата и фотографиите кои ги објавија иранските државни медиуми покажаа граѓани во неколку делови од земјата како излегуваат на улиците за да формираат таканаречени „човечки синџири“ пред електраните и на мостовите.

Собирањата се случија откако иранскиот функционер Алиреза Рахими претходно во текот на денот ги повика граѓаните – особено младите – да се организираат и да ја заштитат критичната инфраструктура. Тој ги повика „младите, спортистите, уметниците, студентите и професорите“ да се соберат околу електраните, во време кога тензиите растат поради заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за напад врз иранските енергетски објекти.

Една од снимките, објавена од новинската агенција Фарс, покажува луѓе како развиорија големо иранско знаме преку познатиот мост Пол Сефид во градот Ахваз. 

Фотографиите, исто така, покажуваат помали групи луѓе собрани пред електраната Шахид Раџаи во близина на Техеран, како и граѓани кои држат транспаренти пред електраната Табриз во северен Иран.

Сепак, не е сосема јасно колку се координирани овие собири или дали се директно поврзани со повикот на Рахими.

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп, повторно го предупреди Иран да склучи договор денеска, велејќи дека „цела цивилизација ќе умре вечерва“ ако не се постигне договор. 

фото принтскрин X


Слично

Поврзани вести