Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Иран ги нападна американските воени бази на Блискиот Исток

(ВИДЕО) Иран ги нападна американските воени бази на Блискиот Исток

Иран ги нападна американските воени бази на Блискиот Исток, a според медиумите, експлозии има во базата во Бахреин и во Абу Даби, ОАЕ.

Министерството за внатрешни работи на Бахреин објави на платформата Икс дека се активирани сирените за предупредување и ги повика граѓаните и жителите да побараат засолниште.

Бахреинската државна новинска агенција БНА, објави дека со ракета е погоден Центарот на Петтата флота на американската морнарица.

Оваа американска база во Бахреин е најголемата поморска база во Персискиот Залив. Таа обезбедува логистичка поддршка за бродови, снабдување, поправка на бродови и игра централна улога во американските воени операции во регионот.

Петтата флота на американската морнарица управува со операциите на Блискиот Исток, вклучувајќи го Персискиот Залив, Црвеното Море, Арапското Море и делови од Индискиот Океан.

Властите во Катар, каде исто така има американска воена база, издадоа предупредувања преку мобилни телефони, повикувајќи ги луѓето да останат во затворен простор.

Според соопштението на Министерството за одбрана на Катар, нивните системи за пресретнување ракети успеале да пресретнат иранска ракета што била насочена кон земјата.

foto printskrin


Слично

Поврзани вести