(ВИДЕО) ИРАН ГИ ДОБИ „S-300“: Од Русија стигна првата испорака од најдобрите ракетни системи!
Иран ја доби од Русија првата испорака на ракетниот систем „S-300“, соопшти Министерството за надворешни работи на Иран.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/RT_com/status/719425445133991936?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]
„Веќе претходно објавивме дека и порај неколку измени што се однесува на времето на испорака, договорот ќе се реализира. И денес соопштувам дека првиот дел од опремата стигна“, рекол портпаролот на министерството Џабери Ансари.
Испораката стигнала по Касписоко море.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/GhorbaniSadegh/status/719429398055796736?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]
Оваа испорака е реализација на договорот потпишан во ноември 2015. Ова е инаку подобрена верзија на ракетен систем во осднос на онаа која Техеран првично ја порача.
Завршувањето на целосната испорака се очекува во средината на 2016 година.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/M3t4_tr0n/status/719398590955790336[/embed]
Слично
