Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Ирак потона во мрак

(ВИДЕО) Ирак потона во мрак

Ирак потона во мрак, oдносно има целосен прекин на електричната енергија во земјата.

Ирачкото Министерство за енергетика соопшти дека целата земја моментално страда од целосен прекин на електричната енергија, без да наведе причина.

„Електричната мрежа е целосно исклучена во сите ирачки провинции“, соопшти министерството, според ирачката новинска агенција (ИНА).

Додаде дека се утврдува причината за прекинот на електричната енергија и дека е почната работа за обновување на електраните и далноводите.

Делови од земјата беа постојано напаѓани од почетокот на војната меѓу Израел, САД и Иран, наведува Тајмс оф Израел. Судирите почнаа во саботата. 

foto printskrin


Слично

Поврзани вести