(ВИДЕО) Ирачки авион испуштил бомба врз Багдад, загинаа 12 лица
Најмалку 12 лица загинаа, а 25 биле повредени вчера во Багдад, кога авион Су-25 на ирачката армија испуштил бомба врз станбена населба на главниот град, пренесоа американските медиуми.
Бомбата урнала најмалку три куќи, автомобили и луѓе, а по ударот останале купишта урнатини.
Според воените аналитичари причина за трагедијата е техничка неисправност, поврзана со поправките на бомбата.
Авионот се враќал од мисија за нанесување на последователен воздушен удар врз позиции на „Исламска држава“, која беснее во делови од Ирак и Сирија.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/Terror_Monitor/status/617998407936798720[/embed]Според податоците на воената единица едната од бомбите на авионот останала блокирана во бомбашкиот простор. Пилотот сепак не се сомневал за проблемот. Му останало сосема малку до слетувањето во блиската воена база „Рашид“, кога бомбата паднала.
Армијата на Багдад го доби авионот Су-25 минатата година од Русија и Иран за борбата против џихадистите. Освен тоа Ирак се договорил со САД за купување на 36 борбени авиони Ф-16. Тие сепак уште не се во ирачката армија, а се во воена база во државата Аризона, каде ирачките пилоти се обучуваат на нив.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/IA7z96BpkQg[/embed]