(ВИДЕО) Ирачката војска гази во Мосул: Протеруваат џихадисти, а војната изгледа вака!
Ирачките безбедносни сили со поддршка на САД упаднале денеска на главниот аеродром во Мосул и во околната воена база и целосно ги ослободиле од терористите на Исламска држава.
„Нашите силе почнаа рано утрово голема операција на заземање на аеродромот во Мосул и воените бази Газлани како би ги протерале терористите на Исламска држава. Можеме да потврдиме дека аеродромот во Мосул воено падна и само е прашање на време кога ќе имаме целосна контрола над него“, претходно рекол портпаролот на антитерористичките единици Сабах Нуман. Од протерување на џихадистите од источен Мосул минатиот месец, ирачките сили настојуваат да го освојат аеродромот и воената база во јужните делови на Мосул како би ги користеле како појдовна точка за освојување на западниот дел на градот.
