(ВИДЕО) Инвазија од скакулци – појава која ги збуни и метеоролозите!
Наездата од скакулци која го зафати Албакерки, во американската држава Њу Мексико, е толку голема што е видлива на радар. Грасѓаните се шокирани од размерот на оваа појава, за која велат дека не се случила со толкав интензитет од средината на 90-тите години.
Воздухот е толку исполнет со овие инсекти, што појавата е видлива и на радарот сокој обично се регистрираат дождовите, велат од Државниот метеоролошки завод. Метеоролозите останале збунети од појавата.
http://www.youtube.com/watch?v=Zu55lkpWZ_Q#t=40
Скакулците претставуваат вистински проблем, бидејќи им се залетуваат на луѓето во лице додека одат, трчаат или возат велосипед. Освен ова влегуваат во домовите, а штетни се и за посевите со кои се хранат.
Се смета дека за ваквата наезда на скакулци е виновна долгата суша - долгиот период без дожд, како и благата зима. Граѓаните се поделени во мислењата за тоа како да се справат со појавата која ги излудува - едни бараат прскање, но други тврдат дека на тој начин ќе се нанесе поголема штета од корист, па советуваат само да се причека.
Слично
