Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Инцидент во косовскиот парламент, опозицијата со јајца фрла по премиерот Мустафа

(ВИДЕО) Инцидент во косовскиот парламент, опозицијата со јајца фрла по премиерот Мустафа

Само што го почна својот говор, косовскиот премиер Иса Мустафа беше непријателски пречекан од опозицијата во Собранието.

Во еден момент од неговото излагање, опозициски пратеници од ,,Самоопределени” почнаа со јајца да фрлаат по него.

[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=qYXdFoXpwRk[/embed]

Претседателот на Собранието Кадри Весели ја прекина седницата викајќи ,,ова е срамота” и се обидуваше да воспостави мир.

- Ова е недостоинствен чин на опозицијата и не е за доброто на народот, рече Весели прогласувајќи пауза, која се уште трае.

На својот говор премиерoт Мустафа требаше да зборува за последниот договор со Србија во Брисел, и за оној за српска асоцијација општини на северот на Косово, на што се противи опозицијата.

„Самоопределени“ сметаат дека премиерто изразил “непочитување“ на Собранието на исто како што и договорот во Брисел претставувал рушење на Косово.

Слично

Поврзани вести