Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ИНДИЈА: Жена без јаже се спушти во бунар за да најде вода

(ВИДЕО) ИНДИЈА: Жена без јаже се спушти во бунар за да најде вода

Индијка се спушта во бунар без јаже, за да најде вода. Oва е вирално видео што го обиколи светот. 

Недостигот од вода е акутен проблем во неколку области на централната индиска држава Мадја Прадеш, јавува Би-Би-Си. Луѓето велат дека на рачните пумпи немаат вода. 

Луѓето во селото Гусија беа принудени на вакви екстремни однесувања, откако им секнаа бунарите и езерцата. Државната влада вети дека ќе го снабдува секое село со вода од чешма до 2024 година. Но, водата за пиење сè уште е недостапна за милиони луѓе. Во Гусија, гневните селани рекоа дека ќе ги бојкотираат локалните избори оваа година. 

фото Принтскрин


Слично

Поврзани вести