Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

Припадник на Унгарската демократска коалиција, Мартон Ѓекиќи денеска го нападна унгарскиот премиер Виктор Орбан на прес-конференцијата во Европскиот парламент.

На видеото објавено од Corriere della Sera се гледа како човек, кого обезбедувањето го крева од подот, му вика на Орбан. 

Унгарскиот премиер не е повреден во инцидентот, а обезбедувањето брзо го совлада Ѓекиќи и го фрли на подот, по што го изнесоа од салата.

„За колку ја изневери државата, премиере?“, го праша Ѓекиќи Орбан додека неговите телохранители го водеа надвор од салата. 

Се слушна како напаѓачот го споменува и името на рускиот претседател Владимир Путин.  Орбан потоа коментираше дека „унгарскиот е директен јазик и дека комуникацијата може да биде груба“, пренесува унгарски Телекс.

Истиот  фрлал монети кон Орбан за време на инцидентот во Кеч на почетокот на септември во знак на протест. 


Слично

Поврзани вести