Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ НА РУСКА ТЕРИТОРИЈА: Шест повредени, групата сака да стави крај на диктатурата на Путин

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ НА РУСКА ТЕРИТОРИЈА: Шест повредени, групата сака да стави крај на диктатурата на Путин

Шест лица се повредени во инцидентот во Белгород, вели гувернерот на рускиот пограничен град Вјачеслав Гладков.

Рече дека имало прекуграничен напад од украинска „диверзантска и извидничка група“.

Оштетени се најмалку три куќи и една локална административна зграда. Висок помошник на претседателот на Украина, Михајло Подољак рече дека Киев нема „никаква врска со настаните во регионот“. 

„Украина со интерес ги следи настаните во Белгородската област во Русија и ја проучува ситуацијата, но нема никаква врска со тоа“, вели Подољак.

Две групи кои себеси се нарекуваат „Руски волонтерски корпус“ и „Легија на слободата на Русија“ велат дека стојат зад нападите. Тие се борат против режимот на рускиот претседател Владимир Путин. 

„Дојде време да се стави крај на диктатурата во Кремљ! Бидете храбри и не плашете се затоа што се враќаме дома! Русија ќе биде слободна!“, изјавија откако го критикуваа режимот на Путин.

Медиумите објавуаат дека по гранатирањето на селото Глотово, маж и жена со експлозивни рани биле пренесени во регионалната болница. Жената е на интензивна нега во тешка состојба. Информираат и дека во Грејворон има уште три жртви – двајца мажи и една жена со рани од шрапнели и дека тие се во болница со мали повреди и дека  во селото Замостје една граната погодила училиште,

Антон Герашченко, советник на украинското Министерство за внатрешни работи, објави видео што наводно е направено денеска во Белгород. Колони возила бегаат од  градот. 


Слично

Поврзани вести