(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ НА КРУНИСУВАЊЕТО НА КРАЛОТ ЧАРЛС III: Вознемирен коњ влета во публиката
За време на
церемонијата на крунисувањето на британскиот крал Чарлс III, се случи инцидент
кога вознемирен коњ, кој беше дел од кралската поворка, влета во толпата народ која
го следеше настанот на улиците на Лондон.
За време на овој инцидент нема повредени, јавуваат британските медиуми. На видео кое кружи на социјалните мрежи може да се види како коњот го јава припадник на кралската коњаница, но во еден момент се вознемирил и почнал да скока наназад. Вознемиреното животно удрира во полицајците распоредени на тротоарот, во заштитната ограда, а потоа и во публиката.
Претходно, силниот дожд ја отежна поворката со коњи од страна на припадници на војската и вооружените сили за време на парадата.
A horse rammed into a barrier during the Coronation procession after being spooked pic.twitter.com/pj4iVVYAjJ
— OK! Magazine (@OK_Magazine) May 6, 2023
