(ВИДЕО) Имало нов ракетен напад во Сирија или е лажна тревога?
Лажен аларм во сириската против-воздушна одбрана имало ноќеска, и тоа довело до лансирање на ракети, но немало никаков напад на Сирија.
Ова го изјави денеска командирот на регионалната алијанса која што ги поддржува сириските власти.
Командирот кој што не сакал да биде именуван изјавил дека дошло до грешка поради „заедничкиот електронски напад на Израел и САД на сирискиот радарски систем“.
Претходно, медиумите објавија дека сириската против-воздушна одбрана одговорила на воздушен напад над Хомс, а ракетите имале за цел да ја погодат воената база „Шајрат“, соопшти сириската државна телевизија. Како што беше откриено, ракетите се соборени од сириската против-воздушна одбрана.
Сириската војска успеала да собори шест мети над „Шајрат“ и уште три други ракети во близина на уште една воздушна база.
Нема точни податоци кој ги лансирал тие ракети, а веднаш се огласија од Вашингтон од каде што порачаа дека нивната војска немала никакви активности на тоа подрачје. За ситуацијата да биде уште покомплицирана, неименуван извор од Министерството за одбрана на Русија негирал дека ноќеска била нападнат сириската база.
Државната телевизија прикажа слики од проектили што биле погодени во воздухот над воздухопловната база само неколку дена по нападите на САД, Велика Британија и Франција врз сириските цели во знак на одмазда за наводниот хемиски напад врз градот Дума кај Дамаск.
Портпаролот на Пентагон рече дека во тоа време и во таа област немало воени активности на САД.
Според сириската телевизија, ракетите биле соборени од државните сили за одбрана.
