(ВИДЕО) Имале сè освен вкус – златни телефони и џакузи со иницијали во домот на италијански мафијаши
Кревет Луј 16-ти, позлатен телефон, џакузи со иницијали, многу злато насекаде - сè ова било пронајдено во домот на еден мафијаш, член на неаполскиот клан Камора, во кој италијанската полиција упаднала неделава.
Кога не бегаат во Јужна Америка или на Карибите, членовите на една од најозлогласените италијански криминални организации Камора воглавно живеат скриени во бункери или тајни селски вили. Но, еден дел од нив избираат да останат во станови како овој, сместен во предградието на Неапол.
Станот им припаѓа на Салваторе Лукарели и Циру Барети, шефови на кланот Ванела-Граси. Снимката од раскошниот објект ја објави италијанската полиција, која извести дека мафијашите на сила го зазеле станот.
„Така работат тие. Кога фамилијата ќе преземе контрола над некоја локација, ги преземаат и домовите на своите соперници и ги исфрлаат надвор, а потоа таму се сместува некој од нивните соработници“, објаснуваат полицајците.
Новите сопственици потоа ја реновираат куќата, а повеќето од оние што на интернет го погледнале видеото оценуваат дека мафијашите имаат - ужасен вкус за уредување.
http://www.youtube.com/watch?v=2lK8YmOFiB8
Слично
