Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ИМААТ НАД ТРИ МЕТРИ СНЕГ: Тринаесет луѓе загинаа во невремето

(ВИДЕО) ИМААТ НАД ТРИ МЕТРИ СНЕГ:  Тринаесет луѓе загинаа во невремето

Во снежно време во Европа загинаа 13 луѓе, и тоа најголем број од нив во лавини.

Бројката на загинати може да се зголеми. Во Норвешка е запрена потрагата по четворица скијачи. Поради силните снежни врнежи и слабата видливост запре потрагата по 29 годишна Швеѓанка и тројца Финци на возраст од 29, 32 и 36 години, кои најверојатно настрадаа во лавина во близина на градот Тромсое.

Во Романија е најдено тело на смрзнат 67 годишен маж на паркинг во местото Слатина на југот на земјата, каде е измерена температура од минус 24 степени.

Во Австрија поради снежните наноси стотици жители се заробени во куќите, нема настава во одделни училишта на југот на земјата, додека во одделни делови нема електрична енергија. Над 300 домаќинства се без струја, а таму има над 3 метри снег. 

11 германски планинари вчера се спасени во близина на Салцбург, кои исчезнаа во снежното невреме во петокот и цело време преживеале без храна. Најмалку седуммина настрадаа во лавините во Швајцарија, Австрија и во Германија. Во одделни делови на Германија е прогласена вонредна состојба.


Во Амстердам се откажани десетици летови, од кои 159 летови кон европските дестинации. Откажани летови има и во Словачка, од аеродромот во Братислава. 

Слично

Поврзани вести