Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ИМА ЖРТВИ: Украинците гаѓаа руски аеродром со американски ракети

(ВИДЕО) ИМА ЖРТВИ: Украинците гаѓаа руски аеродром со американски ракети

Украинците денеска гаѓаа руски аеродром со американски ракети, има жртви. 

Руското Министерство за одбрана соопшти дека украинските сили го нападнале воениот аеродром во Таганрог, Ростовска област, со шест балистички ракети ATACMS.

„Утрото на 11 декември Киев изврши ракетен напад со западно прецизно оружје на воениот аеродром во Таганрог, Ростовската област“, се вели во соопштението.

Додаваат дека има жртви меѓу персоналот. Министерството соопшти дека овој непријателски напад нема да остане без одговор и дека ќе бидат преземени неопходните мерки.

Земјите-членки на Европска Унија денеска се согласија за нови санкции кон Русија поради инвазијата врз Украина.

Претседателот Володимир Зеленски вели дека Киев на законодавно ниво не може да го признае губењето на териториите контролирани од Руската Федерација и кои, според рускиот устав, се дел од неа.



Слично

Поврзани вести