Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ИМА ЖРТВИ: Авганистан и Пакистан повторно разменуваат оган

(ВИДЕО) ИМА ЖРТВИ: Авганистан и Пакистан повторно разменуваат оган

Авганистан и Пакистан повторно разменуваат оган долж 2.600 километри граница. 

Последната ескалација почна откако талибанските сили нападнаа пакистански позиции, наведувајќи дека станува збор за одмазда за претходните пакистански бомбардирања. Пакистан одговори со воздушни напади врз повеќе локации во Авганистан, вклучително и Кабул, Пактија и Кандахар.

Двете страни изнесоа различни податоци за жртвите. Пакистан соопшти дека се убиени 133 талибански борци, додека Авганистан тврди дека осум нивни војници загинале. 

Пакистан располага со околу 600.000 редовни војници и 300.000 резервисти и е нуклеарна сила. Авганистан има помалку од 200.000 припадници, со ограничена и претежно застарена воена опрема, но со долгогодишно искуство во герилско војување.

По падот на Талибанците во 2001 година, за Пакистан тврдеа дека им обезбедува засолниште и поддршка. По нивното враќање на власт во 2021 година, Исламабад се соочи со пораст на насилство, за кое ги обвинува пакистанските талибанци и тврди дека добиваат засолниште во Авганистан – обвинувања што Кабул ги отфрла.

И претходно имаше смртоносни судири и привремени прекини на огнот, со посредство на регионални сили како Саудиска Арабија, Турција и Катар. 

foto printskrin youtube


Слично

Поврзани вести