Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

Израелски демонстранти ја блокираа помошта за Газа, oдносно расфрлаа пакети со храна. 

Четворица демонстранти, меѓу кои и малолетник, се уапсени на протест на контролен пункт во градот Таркумија, западно од градот Хеброн, окупиран од Израел, на Западниот Брег. Информацијата ја објавија адвокатите кои ги застапуваат демонстрантите.

На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа како демонстрантите ги фрлаат неопходните работи од камионите на земја, а содржината од картонските кутии се истура на патот.

Израел вети дека ќе обезбеди непречен проток на хуманитарни резерви во опколената енклава.

Палестинската терористичка група Хамас лани на 7 октомври го нападна Израел, по што израелската армија ја почна операцијата во Газа. Војната уште трае. 


Слично

Поврзани вести