(ВИДЕО) ИМА ПОВРЕДЕНИ И ЖРТВА: Остатоци од соборен дрон предизвикаа експлозија во трговски центар во Русија
Остатоци од соборен дрон предизвикаа експлозија во трговски центар во Русија.
„Експлозијата во трговскиот центар во рускиот град Владикавказ, во која најмалку едно лице загина е предизвикана од остатоци од украински беспилотно летало што го собориле руските сили за воздушна одбрана“, изјави гувернерот на Северна Осетија, Сергеј Мењаило. .
Тој наведе дека руските системи за противвоздушна одбрана го собориле ова беспилотно летало околу 8:30 часот по локално време, а руското Министерство за одбрана објави дека уништиле 119 украински беспилотни летала во последните 24 часа, пренесува Ројтерс.
Руски Интерфакс претходно објави дека најмалку едно лице загинало, а седум се повредени во експлозија на гас во трговскиот центар.
Околу 800 квадратни метри малопродажен простор гореше, вклучувајќи го и покривот на зградата. Украина редовно врши напади со дронови на руска територија.
Русија се закани дека Украина ќе плати за нападите на цивилни цели.
Russia: Shopping mall blew up in Vladikavkaz. Gas leak suspected. pic.twitter.com/UZ5xHep6kE
