(ВИДЕО) ИМА ОСУМ ЖРТВИ: Ураган го погоди Мексико, ковчези пливаа по улици
Осум луѓе загинаа во Мексико погодени од ураганот Грејс. Шест од жртвите се од исто семејство. Ураганот донесе обилни дождови, кои предизвикаа големи поплави и лизгање на земјиштето.
Грејс го погоди Мексико како ураган од трета категорија, според Сафир-Симпсоновата скала од пет категории. Ветровите беа со јачина од над 200 километри на час, кога Грејс го погоди брегот во близина на одморалиштето Теколутла, во сојузната држава Веракруз. Сите жртви, освен една, се пријавени во Халапа, главниот град на Веракруз, вклучително и девојка која починала кога нејзината куќа била уништена при свлечиште. Локалните телевизии прикажаа снимки од поплавите во главниот град на Веракруз, Чалапи, на кои можеше да се види како пловат по улиците ковчези на погребниот дом. Реката Актопан се излеала, поради што автопатот бил затворен.
Поради невремето откажани се летови, затворени се патишта, а над 560.000 луѓе се без струја. Во 2017 година, Мексико се соочи со земјотрес, па со ураган.
