(ВИДЕО) ИМА ЛУЃЕ ПОД УРНАТИНИТЕ: Се срушија две згради во Марсеј
Се урнаа две згради во францускиот град Марсеј, каде луѓето уште се под урнатините, а пожарот го спречува извлекувањето.
Повредени се најмалку шест луѓе од околните згради. Се проценува дека под урнатините се затрупани од четири до 12 луѓе. Очевидци велат дека по експлозијата во воздухот се почувствувал мирис на гас. Француското Министерство за внатрешни работи објави дека 179 луѓе се евакуирани по уривање на згради на улицата Тиволи во Марсеј.
Луѓето се евакуирани поради страв од дополнително уривање на зградите. Министерството забележува дека повеќе луѓе би можеле да бидат евакуирани. На местото на уривањето на зградата има 105 пожарникари со 38 возила.
Explosion dans un immeuble rue Tivoli à #Marseille pic.twitter.com/2lqopHIBJu
— Aurélien Bourneuf (@Aurelien1335) April 8, 2023
